дома Македонија СДCM пpoтив нови избори, тие би значеле нови пpoблеми

СДCM пpoтив нови избори, тие би значеле нови пpoблеми

Освен изјави на телевизија немам видено друг притисок од ВМРО-ДПМНЕ за барањето за предвремени параментарни избори, вели функционерот на СДСМ, Стефан Богоев во гостувањето во „Утрински брифинг“. Според него, во период на здравствена и енергетска криза и во период кога се очекува надминување на отворените прашања со Бугарија, овој процес, но и менаџирањето со кризите не треба да страдаат поради партиски интереси.

-Пред само една година оваа Влада го доби својот мандат. Сега веќе и парламентарното мнозинство е зголемено, имаме стабилизација на политичката ситуација, а очекувам мнозинството и дополнително да расте. Нови избори можат да бидат нов проблем, што ако имаме пат позиција и општините на локално ниво повторно останат блокирани, вели Богоев.

Според него ВМРО-ДПМНЕ доколку сака може да помогне во процесите, со конструктивно и критичко однесување, а како пример го посочи изгласувањето на буџетот за 2022 година.