дома Сцена СЕВЕРИНА ВО ТЕШКА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА: Поради здравјето загрозена и е кариерата

СЕВЕРИНА ВО ТЕШКА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА: Поради здравјето загрозена и е кариерата

Популарната пеачка Северина Вучковиќ има големи здравствени проблеми.

Северина подолго врме не се појавува во јавност. Иако предходно се зборуваше дека таа е бремена, па затоа ја нема во медиумите, во прашање е сепак проблемот со гласните жици.

Овој здравствен проблем стана толку сериозен што Северина морала да оди на операција.

Северина се обидела овој проблем да го реши со алтернативна медицина, која на жалост не дала никакви резултати.

Уште пред два месеца Северина почуствувала дека има променета боја на гласот, па веднаш се посомневала на полипи на гласните жици. Лекарот ги потврдил нејзините сомнежи, по што таа ги откажа сите настапи и ги почитувала сите инструкции за да го реши проблемот.

Бидејќи долго време неможела ниту да зборува , Северина посетила приватна клиника каде повѕорно и е правен хирушки зафат.

За сега е неизвесно враќањето на сцена на Северина.