дома Балкан СЕВЕРИНА СЕ КРИЕ ОД БАНКИТЕ: До гуша во долгови, а троши повеќе...

СЕВЕРИНА СЕ КРИЕ ОД БАНКИТЕ: До гуша во долгови, а троши повеќе од што заработува

Хрватската пејачка Северина иако се обидува да направи да изгледа дека е се во ред со нејзиниот живот, вистината воопшто не е таква.

Снаата на Кеба ја прекина соработката со менаџерот Томислав, а и рабоата не и цвета. Севе има се помалку работа, пее за помал хонорар, а долговите се таложат.

Моментално таа има пpoблем со кредит кој го подигнала пред осум месеци за нов албум, а тие пари сега не може да ги врати, пишуваат српските медиуми.

-Познато е дека Северина не умее со парите. Троши повеќе од што заработува. Во 2018 имаше многу настапи, но ништо не зачува од парите, па пред осум месеци зема кpедит од 100.000 евр, а како xипотека го ставила станот. Првите пет месеци беше се во ред, но последниве три не плати ни една рата, а се зборува дека една рата е 7000 евра. Воглавно, од банката и пратија соопштување дека ќе се активира xипотеката доколку не плати во рок од 15 дена- вели извор за српските медиуми.

Нејзините пријатели велат дека пејачката ќе се извлече од ова бидејќи не и е првпат да биде должна.