дома Занимливости Северина 3apa3ена со kopoнавиpус: „Денеска добив позитивен pe3ултат“

Северина 3apa3ена со kopoнавиpус: „Денеска добив позитивен pe3ултат“

Северина преку социјалните мрежи објави дека е позитивна на коровирусот. Во објавата, таа напиша дека нема никакви симптоми и дека за корона е тестиран и нејзиниот син Александар, кој добил негативен резултат. Таа му го предаде својот син на неговиот татко за да се само-изолира со него.

„Иако немам никакви симптоми, денес добив потврда дека сум позитивен за КОВИД 19, додека тестот на мојот син е негативен.

Веднаш утрово, по контакт со епидемиологот, ги преземав сите мерки, веднаш го известив таткото на детето и во договор со него, му го предадов два дена пред назначениот датум, за да спроведам самоизолација.

Заради заедничка заштита на приватноста и избегнување на стигматизирање на детето, го прашав и таткото за дискреција. Сепак, 20 минути откако таткото го презеде детето, во српските медиуми се појавија вести дека сум заразена поради „забавување во Далмација со детето“.