дома Македонија СЕВЕРНА ГИ СМИРИ САМКА И АМДИ: Прегрнати и насмеани од уво до...

СЕВЕРНА ГИ СМИРИ САМКА И АМДИ: Прегрнати и насмеани од уво до уво, сега се први другари

Пратениците од мнозинството кои гласаа за уставните измени, не го кријат задоволството од успешно завршената работа. Многумина поставија заеднички фотографии од македонскиот Парламент, пред и по гласањето за уставни измени.

Сепак, во преден план, барем на социјалните мрежи беше средбата помеѓу Амди Бајрам и Самка Ибраимовски, двајцата лидери на двете најголеми ромски партии, кои максимално војуваа еден против друг.

Но, со промената на името во Република Северна Македонија, веројатно и тие веруваат во нов почеток, поради што заеднички еден крај друг се фотографираа и за сето тоа се пофалија на социјалните мрежи.