дома Свет Северна Кореја oбвини за биoлошки нaпaд: Летоците од Јужна Кореја може да...

Северна Кореја oбвини за биoлошки нaпaд: Летоците од Јужна Кореја може да содржат kopoнавирус

Севернокорејските државни медиуми објавија предупредување до населението во врска со летоците што пристигнуваат со балони од правец на Јужна Кореја, во кое се наведува дека тие можат да содржат коронавирус.

Државниот весник Родонг Синмун ги повика луѓето да не ги земаат летоците.

Дури и кога ќе наидеме на непознати предмети кои летаат во воздухот, мора да ги сметаме за можен извор на вирусот, а не како природен феномен, предупредува весникот, пренесува „Гардијан“.

Во исто време, жителите беа предупредени дека во такви ситуации подобро е да „застанат и да размислат“, во согласност со упатствата за Ковид-19.

Предупредувањето е издадено истиот ден кога јужнокорејската полиција изврши рација во просториите на активист, кој рече дека со балони дистрибуирал стотици илјади пропагандни летоци во правец кон Северна Кореја.