дома Македонија СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СТАПУВА НА CИЛА:За една недела започнува менувањето на таблите со...

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СТАПУВА НА CИЛА:За една недела започнува менувањето на таблите со новото име на Македонија

За една до две недели ќе започне менувањето на официјалните државни табли со новото уставно име на Македонија, објави Владата по синоќешната 117-та седница.

Со одлуките поврзани со имплементацијата на одредбите од Преспанскиот Договор се предвидува сет од мерки и активности што треба да ги преземе Владата на РМ, како и сите други органи на државната управа и сите државни институции, а кои произлегуваат од усвоените амандмани на Уставот на Република Македонија и кои ќе стапат на сила 7 дена по влегувањето во сила, односно веднаш после ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО од страна на Република Грција, и кои ја регулираат употребата на новото уставно име согласно амандманите.

„Согласно овие заклучоци, надлежните министерства, државни органи и институции, јавните претпријатија и акционерските друштва во сопственост на државата во предвидениот рок по стапувањето на сила на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија, ќе треба да извршат промена на таблите на граничните премини и државната граница на нашата земја, на дипломатско-конзуларните претставништва, како и на влезовите на институциите“, гласи соопштението на Владата.

Истовремено и службите за односи со јавност на државните институции ќе добијат упатства како да комуницираат со медиумите. Препораки ќе добијат и општините.