дома Македонија СЕГА БИЛО ВРЕМЕ ЗА КОНСЕНЗУАЛЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ: Али Ахмети ќе бара консензуален претседателски...

СЕГА БИЛО ВРЕМЕ ЗА КОНСЕНЗУАЛЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ: Али Ахмети ќе бара консензуален претседателски кандидат!

„Мислам дека не сме далеку од идејата дека на земјата ѝ треба еден консесуален претседател, еден усогласен претседател, но сè уште не сме разговарале за деталите и мислам дека во иднина, по завршување на овие големи процеси кои ги имаме, ќе може да разговараме и за ова тема“, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за Радио слободна Европа.

Тој вели дека во корист на земјата, ќе беше ако имавме една фигура која нè зближува и не која нè разделува.

Запрашан како ќе го убеди коалициониот СЦДСМ да прифати ваква идеја со оглед на тоа што и ДУИ и социјалдемократите имаар решиси изедначен рејтинг меѓу Албанците, Ахмети вели:

„Е, сега не би сакал да навлезам, ниту да шпекулирам, ниту да коментирам анкети, затоа што анкетите треба да ги коментират самите куќи кои ги прават анкетите, но едно се знае дека Демократската унија за интеграција ја има легитимноста и најголемата поддршка на Албанците на Република Македонија“.