дома Политика СЕГА И АЛБАНЦИТЕ БАРААТ ИЗМЕНИ ВО УСТАВОТ: Албанците разочарани што ги нема...

СЕГА И АЛБАНЦИТЕ БАРААТ ИЗМЕНИ ВО УСТАВОТ: Албанците разочарани што ги нема во договорот, бараат промена на Уставот

Албанските граѓани со ништо нема да го попречат референдумот за името ниту пак евроинтегративниот пат на Македонија, тврди Артан Груби за ТВ Алфа. Сепак, извори на медиумот велат дека дел од партиската структура на ДУИ биле незадоволни од преспанскиот договор, особено во делот за националноста каде стои Македонци/ Граѓани на Република Северна Македонија. Очекувањата на албанците се дека покрај македонците во сите документи на државата треба да стојата и Албанците.

Груби вели дека нема никакво незадоволство меѓу членството ниту пак станало збор за тоа, а доказ за тоа бил гласот на пратениците на ДУИ на вчерашното гласање за ратификација на Договорот. За се што стои во Договорот редовно се договарале со премиерот Заев.

Освен за националноста во ДУИ има незадоволни и од решението во договорот со кое се предвидува „официјалниот јазик на РСМ да биде Македонски“ а не и Албански како што е предвидено со законот за јазици. Со потписот ставен во Нивици, треба да биде отворен и македонскиот Устав и да се направи интервенција околу членовите кои за Грците се иредентистички. Токму ова е шанса и коалициониот партнер на Заев да реализира и дел од барањата на Албанците па да ги инкорпорира во Уставот. Груби конкретно не одговори дали се размислува за ваков чекор, ама вели проектот бил преголем засега.

Се погласни се информациите дека албанскиот блок ги чека претседателските избори следната година и смената на Иванов за да може да го објават во Службен весник и законот за јазици со кој тој станува втор службен јазик, а ке значи остварување на барањата на Албанците, со што ќе се направи и јасна дистинкција со другите помали етнички заедници.

Уште во април порталот Мкд.мк, повикувајќи се на извори од Брисел, пишуваше дека Ахмети притиска на чело на државата да стои Албанец, а за сметка на тоа да ја ослободи фотељата во законодавниот дом.