дома Актуелно СЕГА И БУГАРИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА: Бугарските националисти блокираа автопат во Македонија и...

СЕГА И БУГАРИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА: Бугарските националисти блокираа автопат во Македонија и испишуваа навредливи пораки, охрабрени од Заев!

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев кажа дека со Бугарите сме еден народ и дека имаме заедничка историја, а бугарските навивачи го блокираа патот Куманово-Крива Палака и кај кривопаланечката обиколница испишале навредливи содржини за Македонија.


Тие околу 3 часот наутро со автобус со бугарски регистарски таблички застанале на пауза на бензинската пумпа „Макпетрол“, на обиколницата кај Крива Паланка, при што навивачите на Ботев Пловдив испишале навредливи содржини за Македонија, велат податоците од МВР.

Пред да се упатат кон Куманово, бидејќи транзитирале од низ Македонија кон Бугарија, тие залепиле и неколку налепници БГ. Околу четири часот наутро биле запрени од страна на полицијата на автопатот А2, пред влезот во Куманово, при што бил направен претрес и кај четири лица бил пронајден доказен материјат, информират од МВР.

Патниците одбиле да бидат приведени и го блокирале магистралниот пат Куманово-Крива Паланка. Околу 7 часот и 45 минути блокадата била отстранета, сообраќајот е нормализиран, но полицијата се уште не ги привела лицата.


Граѓаните гласно коментираат дека Заев со своите изјави при посетата на Бугарија отвори врата за бугаризација на Македонија. Тој за бугарските медиуми кажа дека ние со Бугарите сме ист народ, ист народ со оние кои во текот на ноќта испишаа навредливи пораки за Македонија во нашата држава.

-Сакам да испратам порака до сите граѓани на Бугарија, ние сме братски ХОРА, СШТИ народ. Македонија тежнее кон нормализација, ќе биде стабилно и спокојно во Македонија. Секако јас како потенцијален мандатор за формирање на влада, сакам да испратам само пријателски пораки од соседна земја Македонија, која што има намера да биде полноправна членка на НАТО и ЕУ, а секако тоа е возможно меѓу другото, ако ја унапредиме соработката со Република Бугарија, вели Зоран Заев во интервјуто за бугарски БГНЕС во мај годинава.

Оваа изјава не единствен скандал, со кој директно се удира и сквернави македонската историја. И покрај големиот историски спор кој Македонија го има со Бугарија за Илинденското востание и за тоа чиј цар е Цар Самоил, тој го покани премиерот на Бугарија да го прослават заедно Илинден во Македонија, празник за кој бугарските историчари тврдат дека било важна етапа од борбите за национално ослободување и обединување на Бугарија. Според нив тоа е најмасовното востание кое ги исполнило стратешките цели и било морална подготовка за големите бугарски победи во Балканската војна во 1912-1913 година. А во вториот случај се поклони и положи цвеке пред споменикот на „бугарскиот“ Цар Самоил.

Граѓаните се разочарани од потезите кои ги повлече новиот премиер откако е на власт, посебно од распродавањето на историјата и рушењето на линиите за историските прашањето кои државата ги има многу долго време. Слаткоречивоста во распродавањето и сквернавењето на нашата историјата од страна на премиерот Заев, оние за кои тој кажа дека сме ист народ, ја враќаат со навредливи пораки кон нашата држава.