дома Балкан Седницата на Советот за бeзбедност на ОН за ситуацијата во БиХ

Седницата на Советот за бeзбедност на ОН за ситуацијата во БиХ

Седницата на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во БиХ ќе се одржи утре, објавено е на сајтот на светската организација.
На седницата, првично најавена за денеска, треба да се расправа за последниот извештај на Организацијата на високиот претставник (ОХР) и за продолжувањето на мисијата Алтеа, чиј мандат истекува во петок.
Во својот извештај, високиот претставник Кристијан Шмит предупредува дека БиХ е во непосредна опасност од распаѓање и дека постои многу реална можност за нови конфликти.
Седницата е закажана за попладне по локално време.