дома Македонија СЕДНИЦА НА ДИК ДЕНЕС: Државната изборна комисија ќе ги утврдува упатствата за...

СЕДНИЦА НА ДИК ДЕНЕС: Државната изборна комисија ќе ги утврдува упатствата за постапка за поднесување, прием и потврда на кандидатските листи за локалните избори!

Државната изборна комисија денеска ќе ја одржи 123 седница на која, како што е најавено, треба да биде разгледано и усвоено упатсвото за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за локални избори.

Членовите на ДИК ќе разговараат и за упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња, како и за утврдување на личниот идентитет на гласачот.

На дневен ред на седницата на ДИК, меѓу другото, е и извештајот за исплатата на надоместокот на трошоците на учесниците во изборната кампања.