дома КОВИД-19 (Коронавирус) Седница на Комисијата за здравство: Ќе се разгледува предлогот за Посебна комисија...

Седница на Комисијата за здравство: Ќе се разгледува предлогот за Посебна комисија за пaндeмија

Комисијата за здравство од 11 часот на дневен ред има две законски измени.

Предлог за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита во I читање, поднесен од пратениците од власта со кој се предвидува здравствениот работник и здравствениот соработник да можат договорот за работа да го продолжат најмногу до 67 години возраст, како исклучок од предложените измени на законот за работни односи со кои се оневозможува продолжување на работниот стаж до 67годишна возраст.

Со дополнувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести во I читање се предлага формирање на посебна Комисија за заштита и справување со пандемија или епидемија која ќе биде формирана од страна на Собранието. Комисијата би се состоела од 11 члена кои ќе ги предлага Владата и ќе се формира исклучиво за време на пандемии и епидемии. Овој закон е на предлог на опозициските пратеници.