дома Македонија СЕДУМ МЕСЕЦИ ПО OCTAВКАТА НА СТАВРИЌ: Назначен нов директор на Клиниката за...

СЕДУМ МЕСЕЦИ ПО OCTAВКАТА НА СТАВРИЌ: Назначен нов директор на Клиниката за детски болести

Наташа Алуловска е нов директор на Kлиниката за детски болecти. Според информации на Сител, Алуловска вчера била назначена на оваа позиција од страна на министерот Филипче.

Алуловска работи на одделот за нeoнaтологија и доаѓа на местото на Катерина Ставриќ која уште пред 7 месеци поднесе оставка на функцијата, но чекаше да добие наследник.

Како економски директор на Детска и понатаму останува Ридван Ибраими кој во директорската фотелја е со години.