дома Свет СЕКОЈА ЧЕСТ-ОВА Е COЛИДAPHOCT: Медицинcka опрема и персонал од Кина пристигна денеска...

СЕКОЈА ЧЕСТ-ОВА Е COЛИДAPHOCT: Медицинcka опрема и персонал од Кина пристигна денеска во Италија

Кина испрати медицински персонал и опрема да им помогне на Италијанците во битката со коронавирусот. Во Италија пристигна екипа на кинески експерти и санитетски материјал со чартер лет во четвртокот полета од Шангај за Рим, во мисија за да помогне во борбата против пандемијата.

Во авионот Airbu А350 China East Airlines се качија девет медицински експерти и беа товарени 31 тони санитетски материјал, медицинска заштитна опрема и противирусни лекови, изјави Генг Шуанг, портпаролот од кинеското Министерство за надворешни работи, пренесе China Daily.