дома Занимливости СЕКОЈА ЧЕСТ: 5 годишната Лена ја пее „Ој ти момче Охриѓанче“, со...

СЕКОЈА ЧЕСТ: 5 годишната Лена ја пее „Ој ти момче Охриѓанче“, со поддршка од мама Зарина Првасевда

Мајката многу добро ја паметиме по нејзиниот моќен глас на Шар Планина (клик тука).

Зарина Првасевда напиша:

„Садам здраво семе / здрави фиданки –
зошто сакам дебела сенка во подоцнежни години! Ова е Лена – има само 5 години 🙂 Се декларира како мој фан, во слободно време ги слуша и ги знае сите песни што ги пејам а тоа е неизмерна радост за мене, па ја користам приликата што ми ја дава со близина за едукација (здрави програми и насоки).
За едно 10тина години од сега, ви ветувам ново видео каде ќе сме на иста голема сцена заедно (… ќе пееме традиционална музика, се разбира 🙂 )!
Убав ден ви сакаме со ‘Ој ти момче Охриѓанче’“