дома Хроника СЕКОЈДНЕВНО МАЛТРЕТИРАЊЕ: Момче нападнато на автобуска станица во Скопје!

СЕКОЈДНЕВНО МАЛТРЕТИРАЊЕ: Момче нападнато на автобуска станица во Скопје!

На автобуска постојка на ул. „Босна и Херцеговина“ Ј.Р. (19) од Скопје вчера околу 12:30 часот пријавил во полиција дека физички бил нападнат од повеќе непознати лица.

МВР информира дека тие го удриле со камен во пределот на лицето со што се здобил со видлива повреда.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.