дома Хроника СЕКОЈ ДЕН СЕ ПАЛАТ АВТОМОБИЛИ:Опожарено „Ауди Q-5“ во близина на ТЦ „Лептокарија“

СЕКОЈ ДЕН СЕ ПАЛАТ АВТОМОБИЛИ:Опожарено „Ауди Q-5“ во близина на ТЦ „Лептокарија“

Патничко возило „Ауди Q-5“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Б. (45) од Скопје од засега непознати причини било опожарено рано изутрината во близина на ТЦ „Лептокарија“.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил околу 03:15 часот на ул. „Никола Русински“ во Скопје.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.