дома Хроника СЕКОЈ ДЕН СО ЖРТВИ:Девојка се бори за живот по тешка сообраќајка во...

СЕКОЈ ДЕН СО ЖРТВИ:Девојка се бори за живот по тешка сообраќајка во Скопје

Во Скопје на улица „Борис Трајковски“ Д.З.(32) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Фиат Браво“ со скопски регистарски ознаки, удрил во метална бандера за улично осветлување и во паркирано возило „Тојота Јарис“, исто така со скопски регистарски ознаки.

По незгодата, со возило на Итна медицинска помош сопатниците од возилото „Фиат Браво“ С.Л.(19), М.В.Т.(19) и К.М.(20) сите од Скопје, се пренесени во Ургентен центар – Скопје, каде на С.Л. и се констатирани тешки телесни повреди и во животозагрозувачка состојба е задржана на лекување.

Oстанатите се здобиле со телесни повреди и се пуштени на домашно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.