дома Балкан СЕКОЈ ДЕСЕТИ СРБИН СПРЕМЕН ЗА ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА: Србите би поддржале воена интервенција...

СЕКОЈ ДЕСЕТИ СРБИН СПРЕМЕН ЗА ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА: Србите би поддржале воена интервенција на Косово, но сакаат и поголема економска соработка

Србија би требало да го зголеми своето влијание на пазарот на Косово и така да ја зголеми добивката од економска соработка, смета најголемиот број испитаници во најновото истражување на агенциајта „Фактор плус“


Во истражувањето кое „Фактор плус“ го направиле за Танјуг скоро еднаков борј испитаници се изјасниле за прекин на дијалогот Белград-Приштина како и за негово продолжување.

На прашањето во која мерка Србија би требало да превземе заштита за своите економски интереси, 36% сметаат дека Србија би требала да го зголеми своето влијание на пазарот во Косово и така да ја зголеми добивката.

Околу 10% од србите се спремни за воена интервенција на Косово, осум за признавање на независност на Косово, седум за прекин на преговорите и шест за повлекување на потписот од Бриселскиот договор.

Половина од испитаниците сметаат дека реакцијата на српската војска за време на кризата на северот на Косово влева сигурност и доверба, 20% мислат дека нема влијание, додека 10, односно девет проценти сметаат дека таа реакција влева страв.