April 19, 2024, 10:49 pm

„Секој ќе одговара пред правдата за своите дела“: Се огласи Рама по aпceњето на градоначалникот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Албанија, Еди Рама, се огласи по апсењето на повеќе раководни лица во општина Љушња, меѓу нив и градоначалникот Фатос Туше, порачувајќи дека ниту тој, ниту кој било друг нема да има никаква заштита од Социјалистичката партија(ПС) и дека секој за своите дела ќе одговара пред правдата,

Фатос Туше е градоначалник веќе трет мандат од Социјалистичката партија(ПС).

„Секој гласач треба да знае дека нашата лојалност кон него не зависи од ниту еден поединец, туку од знамето на битката на ПС да ја направи Албанија наша иднина и секој избран не смее да заборави дека знамето на ПС не може да стане покритие на никого, за никаков личен интерес или вина”, напиша Рама.

Додава дека тие треба да одговараат пред правдата, со „нивните адвокати и со своите усти”, бидејќи ПС им служи на гласачите, а не на избраните”.

Реагираше и лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша, кој наведува дека Туше бил уапсен по обвинувањата од страна на Демократската партија.

„Апсењето на Фатос Туше по повеќегодишните обвинувања од страна на ДП за неговата коруптивна соработка со организираниот криминал, може да биде добар почеток. Но, тоа ќе зависи од стручноста, храброста и независноста на судството да ги погоди врските на власта со криминалот, врските на одмазда со Туше, Браче и посебно Рама, и нивните заеднички придобивки во долгогодишната соработка”, напиша лидерот на демократите на Твитер.

Претходно реагираше и амерканската амбасадорка, Јури Ким, која позравувајќи ја акцијата, порача дека „ никој не е над законот”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This