March 28, 2024, 10:13 pm

СЕКС СКАНДАЛ ВО МВР: Оливер Спасовски се обидел да сокрие сексуално злоставување на кадетки од страна на инструктор близок до Нухиу?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После скандалите со сексуална злоупотреба на девојки во центрите под надлежност на МТСП на повидок е уште еден скандал овој пат произлезен од Центарот за обука во рамки на МВР

 

Од неодамна со цел да го прикрие скандалот во Центарот, Оливер Спасовски ги сменил сите инструктори кои доаѓаат од посебните единици поради сексуално вознемиривање и уценување на две кадетки кои се на обука за полицаец од страна на инструктор близок до заменик министерот Агим Нухиу.

Инструкторот во повеќе наврати им нудел позитивни оценки и привилегиран статус на кандидатките во замена за сексусални услуги од нивна страна. Иако едната од кандидатките успеала да одолее од овие уцени сепак на другата и се заканувал со објава на видео снимка како имаат сексуален однос во јавноста. Бидејќи целата работа брзо излегла надвор од контрола поради упорноста и достоинството на една од кандидатките Оливер немал избор освен да го смени целиот состав на инструтори бидејќи заменикот министер не се согласувал неговиот близок партиски соработник да биде отстранет од инструкторското место.

Целосната смена на инструкторскиот состав влијаел на квалитетот на наставата но за Спасовски поважно било ова сексуално вознемирување и уценување да биде прикриено.

Оваа пракса на криење на сексуални вознемирувања во период кога целокупната македонска и светска јавност отворено крева глас против искористувањето на жената со цел нејзино омаловажување во остварување на професионалните амбиции само ја покажува вистинската слика на тоа колку лицемерие и злоба има во сегашниот министер за внатрешни работи. Во негово време постојат десетина вакви ситуации на сексуални вознемирувања во сите сектори и органи на полицијата кои преку охрабрување на жртвите ќе дојдат до јавноста.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This