дома Македонија СЕЛА ГО ИЗВИСИ ЗАЕВ: Нема да се појави на средбата за консензуален...

СЕЛА ГО ИЗВИСИ ЗАЕВ: Нема да се појави на средбата за консензуален претседател!

Лидерот на алијансата за албанците Зијадин Села ја одбил поканата на лидерот на СДСМ Зоран Заев за средба околу можниот заеднички претседателски кандидат потврдуваат за ТВ 24 од алијансата за албанците.

Оттаму велат дека со власт што носи режимски одлуки како таа за одземање на ингеренциите на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари немаат зошто да седнат на заедничка маса. Дека средба ќе нема потврдуваат и од СДСМ кои велат дека Села најпрво ја прифатил поканата, а дури потоа се премислил.