дома Политика СЕЛА ДЕЦИДЕН:Двојазичност и бинационална држава

СЕЛА ДЕЦИДЕН:Двојазичност и бинационална држава

Со речиси апсолутно мнозинство, на денешниот Конгрес на Алијансата за Албанците, поточно со 607 гласа за, и само еден против, Зијадин Села е изгласан за претседател на партијата.

На Конгресот беа избрани и 163 членови на Централниот одбор во кој ќе има и претставници на дијаспората. Во своето обраќање Села, потенцираше дека бара двојазичност и бинационална држава. Тој нагласи дека ќе соработува со сите од опозицијата и порача Беса да се обединат, а премиерот Зоран Заев да не се меша во воведување на демократија во албанскиот блок.

На конгресот беше донесен и статутот на партијата. Согласно партиските процрдури, изгласана беше и платформата со која се бара од Владата промена на Уставот, односно албанскиот да биде еднаков со македонскиот јазик. Најжестока дебата на конгресот предизвика барањето за промена на статутот на партијата.

На конгресот беше дискутирано и за промена на името на партијата од Алијанса за Албанците во Албанска алијанса.