дома Социјални Мрежи Села: Заев, Димитров и Османи три години лажea за датумот за ЕУ,...

Села: Заев, Димитров и Османи три години лажea за датумот за ЕУ, oставка би била морален чин

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, побара оставка од премиерот Зоран Заев, од вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров и од министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Три години Зоран Заев, Никола Димитров и Бујар Османи ги лажеа и ги мамеа граѓаните за отворањето преговори со Европската унија. Денеска тие по седми пат во низа не успеаја да добијат датум за таквите преговори. Утре, кога нивната старо-нова влада ќе наполни 100 дена, оставката би била морален чин – порача Села.