дома Македонија СЕЛА ЗА КОЧО АНЃУШЕВ: Немам намера да гласам за закони кои се...

СЕЛА ЗА КОЧО АНЃУШЕВ: Немам намера да гласам за закони кои се скроени за потребите на Анѓушев!

Зијадин Села, во синоќешното гостување во емисијата Click Plus во TV21 обелодени досега непознати информации за јавноста. Според Села, Законот за енергетика бил скроен за потребите на Кочо Анѓушев и неговите бизниси со електрична енергија.

Законот за енергетика предложен од Владата и Министерството за економија бил со цел, како што вели Села, Анѓушев да може да заснова сопственост врз малите хиддроцентрали врз кои неговата фирма има концесии.

– Ние зборуваме за реформи и закони кои се истомислени и добри , нив ќе ги гласаме во Парламентот. Нема да гласаме закони како Законот за енергетика, со што се предлага мини-хидроцентралите кои се дадени под концесија насекаде во Македонија да преминат во сопственост на концесионерите. Една таква хидроцентрала има во Струга, која е под концесија на Анѓушев, која сега според законот требаше да му премине во сопственост, вели Села.

Лидерот на Алијанса за Албанците во синоќешното гостување изјави дека иако е надвор од владата ќе продолжи да ги поддржува реформите кои се добри и во интерес на граѓаните.

Тој исто така кажа дека доколку за овој закон навреме не се истражуваше и не предупредуваа новинарите, истиот ќе беше донесен.

-Да, овој закон беше повлечен, но што ако не се истражуваше?, рече Села, според кого овој закон го предложи владата, па оттука тој прашува за кого работат Заев и министерот за Економија, дали за Анѓушев или за граѓаните?

Села вели дека нема да ги поддржува оние реформи и закони кои се за лични интереси како што беше примерот со Законот за енергетика предложен од страна на министерот за Економија, а е во интерес на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и неговите фирми кои се во бизнисот со струја.