дома Македонија СЕЛА НАЈАУВА КОАЛИЦИЈА СО ВМРО-ДПМНЕ: Ова се ycловите

СЕЛА НАЈАУВА КОАЛИЦИЈА СО ВМРО-ДПМНЕ: Ова се ycловите

Можна ли е идната владина коалиција да биде онаа помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците? Двете опозициски партии засега не сакаат да се излетуваат со изјави, но велат дека доколку се најдат заеднички точки во идната програма, коалиција не е исклучена.

-Многу нормално е опозициските партии да соработуваат, пред сè на локално ниво, оти во нивен интерес е да се сруши власта. Битно е да се согласуваме со евентуалниот партнер околу готовноста за имплементирање на програмата, определбите за правна држава, евроинтеграциите, рамноправноста меѓу граѓаните, почитување на Законот за јазици, па и за Преспанскиот договор. Немаме ништо пpoтив соработка со ВМРО-ДПМНЕ, но, сепак, очекуваме од новото раководство да се извиини за настаните од 27 април или да се огради од упадот во Собранието“, потенцира нашиот соговорник од партијата на Села, велат од АА за „Независен весник“.

Партиите на Христијан Мицкоски и на Зијадин Села досега коалицираа на локално ниво, но последната нивна соработка, која резултираше со превласт во Гостивар во однос на СДСМ и ДУИ, ги поттикна гласиштата за можно заедничко формирање на владата на ВМРО-ДПМНЕ и на Алијансата за Албанците доколку добијат победнички број гласови на идните парламентарни избори.

Високиот извор од Алијансата за весникот открива дека партиите засега не разговарале на централно ниво.

-Тоа не значи дека нема да преговараме во иднина, особено доколку тие се победници во македонскиот блок, а ние во албанскиот. Но и најважно, доколку се согласуваме со програмите. Легитимитетот го даваат граѓаните преку нивните гласови, вели изворот за „Независен“.