дома Македонија СЕЛА ОДБИ ДА СЕ СРЕТНЕ СО ЗАЕВ: Села не сака да седи...

СЕЛА ОДБИ ДА СЕ СРЕТНЕ СО ЗАЕВ: Села не сака да седи на маса со Заев заради третманот кон Таравари

Лидерот на алијансата за албанците Зијадин Села ја одбил поканата на лидерот на СДСМ Зоран Заев за средба околу можниот заеднички претседателски кандидат потврдуваат за ТВ 24 од Алијанса за Албанците.

Откако на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари повторно му беа одземени ингеренциите во образованието, лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села одбил да присуствува на средбата со Зоран Заев на која требаше да се зборува за евентуална поддршка за претстојните претседателски избори.

Зијадин Села и Арбен Таравари не сакале да седат на заедничка маса откако се одземени ингеренциите на Таравари.