дома Хроника Семејна драма во с. Табановце: Жена го прободела сопругот откако се обидел...

Семејна драма во с. Табановце: Жена го прободела сопругот откако се обидел да го повреди нивното дете

Жена од кумановското село Табановце го прободела сопругот, откако тој се обидел да го повреди нивното дете, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера во 22:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Табановце, кумановско, Ј.А.(23) од село Табановце, при семејна расправија, со остар предмет нанела убодна рана на нејзиниот сопруг Љ.А.(25) од Куманово, кој, според пријавеното, се обидел да го повреди нивното дете, соопшти полицијата.

Тој бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.