дома Македонија СЕПАК НЕ Е МАКЕДОНЕЦ: Градоначалник од Бугарија е близок роднина на Зоран...

СЕПАК НЕ Е МАКЕДОНЕЦ: Градоначалник од Бугарија е близок роднина на Зоран Заев.

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски тврди дека роднина на премиерот, Зоран Заев, раковои со општината Петрич во Бугарија. Џамбаски вели дека станува збор за градоначалникот на Петрич, Димитар Бручков кој е втор братучед на Заев. Џамбаски ја коментираше и прославата по повод Илинден, и ја искористи и оваа шанса да ги испровоцира Македонците. Бугарскиот европратеник вели дека Македонија и македонизмот се исмислени од Србија, а македонизмот како антибугарска теза е мртов.

 

Според Џамбаски за смртта на македонизмот се најзаслужни Зоран Заев и Бојко Борисов, и вели дека Македонија е една и таа е бугарска.

-Македонизмот е измислен како антитеза на бугарското население во Македонија, затоа што не можеа да кажат дека тие луѓе се Срби. Тоа е еден од најголемите антинационални проекти во историјата, изјави Џамбаски.
Џамбаски за крај вели дека од Охрид до Црно море и од Дунав до Егејското море има само еден народ, а тоа е вели бугарскиот народ, поделен во различни држави.