дома Русија СЕРГЕЈ ЛАВРОВ: Намерна планирана провокација од страна на Украина

СЕРГЕЈ ЛАВРОВ: Намерна планирана провокација од страна на Украина

Провокацијата во теснецот Керч очигледно е дека е изведена под директна наредба на украинските власти, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

– Нема сомнежи дека е направено намерно и под директна наредба на раководството – изјави Лавров, коментирајќи го вчерашното впловување на украинските бродови во руските територијални води.

Тој истакнал дека украинската страна, кога ја планирала оваа провокаиција, сигурно пресметала дополнителна корист, која сакала да ја извлече од оваа ситуација, очекувајќи САД и Европа слепо да ја поддржат, како и секогаш.

Русија синоќа го затвори преминот Керч во близина на Крим и заплени два украински артилериски брода и еден реморкер, за кои соопшти дека нелегално влегле во руските територијални води, игнорирајќи го предупредувањето да застанат и вршеле опасни маневри.