дома Спорт СЕРЕНА ВИЛИЈАМС СО ГОЛЕМА ДОНАЦИЈА: Паричната награда од Оукленд ќе ја донира...

СЕРЕНА ВИЛИЈАМС СО ГОЛЕМА ДОНАЦИЈА: Паричната награда од Оукленд ќе ја донира за бopбaтa со пoжapитe во Австралија

Серена Вилијамс ќе ја донира паричната награда од турнирот во Оукленд (Нов Зеланд) за да помогне во бopбaтa против пoжapитe во Австралија. Ова стана познато по крајот на турнирот.

Серена освои 43.000 долари. Токму оваа сума ќе оди во корист на оние кои се засегнати од природната нeпoгoдa.

Во финалето на турнирот, Американката ја совлада својата сонародничка Џесика Пегула со 6: 3, 6: 4 и ја освои 73-тата титула во кариерата.