дома Социјални Мрежи ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК НА „НЕЗАВИСЕН“: Срамота само најтешките криминалци се амнестираат!

ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК НА „НЕЗАВИСЕН“: Срамота само најтешките криминалци се амнестираат!

По отворената понуда на Заев за амнестија на обвинетите за 27 април, јавноста жестоко реагираше, поради фактот што веќе неколку месеци, власта потенцира дека опозицијата е страната која бара амнестија.

Сега повеќе од очигледно е дека Заев и СДСМ е страната која упорно нуди амнестија во замена на гласовите на опозицијата за промена на уставното име. Имено на ваквиот непристоен предлог реагираше и главниот и одговорен уредник на „Независен Весник“ која на Фејсбук коментираше дека е ,, срамота, само најтешките криминалци се амнестираат’’.