дома Занимливости СЕСТРИТЕ PAСТУРИЈА НА СЦЕНАТА: Тијана и Тамара отпејаa македонски песни на сцената...

СЕСТРИТЕ PAСТУРИЈА НА СЦЕНАТА: Тијана и Тамара отпејаa македонски песни на сцената на „Гранд“

Во една од најпопуларните балкански продукции „Гранд“ освен пејачи од српската естрада може да видиме и македонски пејачи кои гостуваат по разни емисии.

Така во „Ѕвездите на Гранд“, и „Никогаш не е доцна“ може да видиме многу македонски натпреварувачи кои се боpaт од круг во круг.

Од друга страна, во нивните комуникативни емисии може да видиме гости од македонската естрада.

Така, пејачката Тијана Дапчевиќ имавме прилика да ја гледаме неколку пати како дел од жирито на „Никогаш не е доцна“.

Меѓутоа, деновиве се снима и полуфиналната вечер на ова музичко натпреварување, а Тијана доби зacилување на сцената на „Гранд“, односно се појави и Тамара Тодевска.

Имено, евровизиската претставничка пред некој ден замина во Белград и тоа со причина.

Тодевска вчера гостуваше во емисијата „Гранд магазин“ и се пофали со фотографија на социјалните мрежи.

Меѓутоа, Тамара исто така се пофали и со фотографии со колегите од региаонлна сцена и тоа зад камерите на „Никогаш не е доцна“.

Имено, таа се фотографираше и со пејачот Халид Беслиќ, со Жика Јакшиќ и Драгана Катиќ.

Дали Тодевска ќе биде дел од жирито на полуфиналето или ќе биде само гостинка останува да видиме.

Тијана и Тамара заедно настапија на сцената на „Гранд“ и ја отпејаа македонски песни.

Како изгледше нивниот настап ќе може да погледнете оваа недела во првата полуфинална вечер.