дома Временска Прогноза Се вклучува портокалов метео алapм

Се вклучува портокалов метео алapм

Овие два дена Балканот ќе биде најпеколниот дел од европскиот континет со температури невообичаено високи за крајот на август.

Топлиот бран доаѓа од северот на Африка, но со изразено сув воздух што главно ќе ја намали влажноста, а температурите ќе се движат од 33 до 36 степени.

Дел од балканските земји го вклучија портокаловиот метеоаларм со совети за граѓаните да не излегуваат во текот на денот доколку немаат потреба, да пијат многу течности и да носат лесна облека. Издадена е препорака градежни работи да не се изведуваат во периодот од 11 до 17 часот.

Од понеделник ќе настапи мало намалување на температурите, а метеоролозите веќе за во вторник најавуваат дожд.