April 23, 2024, 10:29 am

Се влошyва состојбата со пожaрите, Русија испраќа дополнителна помош во Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија го прифати грчкото барање и ќе испрати воздушни средства за гаснење на пожарите

Со одлука на претседателот на Русија Владимир Путин, Москва го прифати грчкото барање за испраќање дополнителни воздушни средства во Грција за гаснење на пожарите, соопшти преку „Твитер” руската амбасада во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкото барање, претходно го пренесоа премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и министерот за надворешни работи Никос Дендиас во телефонскиот разговор со нивните руски колеги Михаил Мишустин, односно Сергеј Лавров.

По позитивниот одговор од Москва, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитадис Варвициотис телефонски разговарал со рускиот министер за транспорт Витали Савелиев за да го прецизираат грчкото барање за испраќање на два руски авиони Ил-76 и два хеликоптери Мил Ми-8, што дополнително ќе помогнат во гаснењето на пожарите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This