дома Македонија Се делат колачиња на протестот пред Кривичен суд за поддршка на Филип...

Се делат колачиња на протестот пред Кривичен суд за поддршка на Филип Достовски

Група граѓани се собраа утринава пред Кривичниот суд на протест за поддршка на активистот Фили Достовски, основач на „Зелена алтернатива“. Протестот е и против законот кој ги третира пациентите како криминалци.

Организаторите делат колачиња на кои е илустрирана билката канабис. На нивните транспаренти пишува „Војната против дрогата е војна против нас“.

Достовски е активист за легализација на марихуаната и едукатор за лекување со масло од канабис.

Филип беше приведен откако кај него полицијата пронашла канабис сатива. За денеска е закажано судско рочиште против него.