Се забранува сонцето од Кутлеш на Македонците во Австралија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Tелевизија во Мелбурн, Канал 31, отстрани програма на македонски јазик поради, како што тврди, кршење на авторските права, но не откри кој закон за авторски права, без разлика дали бил австралиски или странски, бил прекршен.

Предметната програма, „Македонците во австралиската земја“ користи македонски симбол, Сонцето од Кутлеш (Ѕвезда или Вергина) во своето лого. Извори за „Alternate Comms“ дека жестокиот грчки притисок околу употребата на симболот доведе до отстранување на програмата.

Од блогот „Alternate Comms“ го контактирале г-дин Шејн Данлоп, менаџер на станицата на Канал 31 за појаснување. Но, тој не одговорил кој закон за авторски права е прекршен. Од таму информираат дека Грчкото право и контроверзниот договор од Преспа потпишан од Грција и Македонија, немаат правна јурисдикција во Австралија.

Изјавата на Данлоп:

„Продуцентот на програмата „Македонците во австралиската земја“ беше информиран за одлуката донесена од одборот на директори на Канал 31 во Мелбурн по долга истрага, дека има проблем со авторските права во однос на специфичен симбол што се користи во нивните официјални програмски логоа и маркетинг. Ова се случи на 28 Октомври.

Имав задача да му ја пренесам нивната одлука на продуцентот и го советував продуцентот на програмата за барање да обезбеди докази за одобрение за авторски права или да го отстрани симболот од нивното лого на програмата. Тие беа советувани дека оваа одлука е применлива само за нивното официјално лого и брендирање на шоуто и дека не се однесува на многуте референци на симболот низ нивната програма.

Одборот на „C31 Melbourne“ ме упати да го посоветувам продуцентот дека ако не се направи дозвола за авторско право или отстранување на симболот од нивното лого/брендирање на програмата до почетокот на нашата 114-та сезона, почнувајќи од недела на 21 ноември, тогаш програмата нема да биде дозволено да продолжи. Продуцентот на програмата на крајот одлучи да не го исполни барањето на одборот.

Ние разбираме дека тие имаат намера да продолжат да ја произведуваат програмата за глобалната публика преку YouTube. На продуцентот му посакуваме се најдобро и со нетрпение ја очекуваме можноста тие да изберат да се вратат на Канал 31 во иднина“.

За настанот на Фејсбук реагираа и од „Светскиот Македонски Конгрес“ кој го пренесуваме интегрално.

„30 ноември 2021 година, Мелбурн, Австралија – Македонците во Австралија најостро протестираат поради забраната на телевизиската емисија “Macedonians In The Aussie Land“ (Македонците во Австралија) и логото на Македонската програма на ТВ КАНАЛ-31 од Мелбурн!

Македонците потсетуваат дека логото на Македонската програма на ТВ КАНАЛ-31 од Мелбурн се прикажува повеќе од 11 години и никогаш досега не претставувал проблем за рестрикција кон Македонската заедница во Австралија, напротив содржи добри пораки и убави намери.

Македонците во Австралија за неодговорна ја сметаат одлуката на управата на ТВ КАНАЛ-31 од Мелбурн за забрана на логото на Македонската програма на ова австралиска телевизија и очекуваат натамошно продолжување на нејзиното емитување со истото лого како и досега!

Македонците во Австралија упатуваат силен револт против управата на ТВ КАНАЛ-31 од Мелбурн поради забрана за емитување на емисијата “Македонско сонце“!

Македонците во Австралија и’ порачаа на управата на ТВ КАНАЛ-31 од Мелбурн, доколку не продолжи емитувањето на Македонската програма ќе ги преземат сите мерки пред надлежните институции во Викторија и Австралија за дискриминација и повреда на човековите права и слободи на Австралиските државајани со македонско потекло.

Македонците во Австралија се упорни во барањата емисијата “Macedonians In The Aussie Land” и нејзиното лого да продолжат слободно да се емитуваат, бидејќи забраната од ТВ КАНАЛ-31 од Мелбурн е единствена во светот и во цела Австралија!“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This