- Advertisement -
Тој посочи дека камионот бил со косовски регистарски ознаки и пренесувал руда.
– Всушност, се запалиле задните гуми од приколката, најверојатно поради неисправни кочници. Возачот веднаш го прекинал движењето и го отстранил камионот од патот. Од гумите, огнот се проширил на шасијата на приколката, изјави Богевски.
Најбрзо што можеле, двајца пожарникари стигнале на лице место со едно противпожарно возило.
-Успеавме да го изгаснеме пожарот и да не дозволиме да се прошири на главата на камионот, додаде Богевски.