дома Македонија СЕ ЗАПОЗНА СО СТАТИСТИКА ЗА КРИМИНАЛОТ НА ЛОКАЛНО НИВО: Министерот Чулев во...

СЕ ЗАПОЗНА СО СТАТИСТИКА ЗА КРИМИНАЛОТ НА ЛОКАЛНО НИВО: Министерот Чулев во работна посета на полициската станица во Шуто Оризари

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев оствари работна посета на Полициското одделение Шуто Оризари каде што истакна дека главен фокус во работењето на Министерството за внатрешни работи во овој период е обезбедување услови за организирање фер, демократски и мирни избори.

На средбата, министерот се запозна со актуелната безбедносна состојба во општината и последните статистички податоци поврзани со криминалитетот на локално ниво.

Министерот Чулев потенцира дека полицијата е служба на граѓаните и дека полициските службеници мора да работат во интерес на граѓаните и имаат обврска да го гарантираат мирот и безбедноста на државата.