дома Европа Се затвораат сите нуклеарни централи до 2025 година

Се затвораат сите нуклеарни централи до 2025 година

Белгиската влада синоќа постигна договор со кој се потврдува дека нуклеарните централи во земјата ќе бидат затворени во 2025 година, но државата ќе продолжи да инвестира во технологијата за нуклеарна енергија, соопштија денеска белгиските јавни служби РТБФ и ВРТ.

Дебатата траеше со недели во белгиската коалициска влада од седум партии,пренесува „Ројтерс“.

По разговорите во текот на ноќта, клучна група министри постигнаа компромис дека последната постојна нуклеарна централа ќе биде затворена во 2025 година под услов Белгија да инвестира 100 милиони евра (113,4 милиони американски долари) во истражување на идната нуклеарна енергија фокусирајќи се на помали модуларни реактори, објавија белгиските медиуми.

Белгија допрва треба да одреди како да го компензира недостигот на струја, а една од опциите се гасните постројки. Одлука за тоа може да се донесе до март.