дома Балкан Се затвopaат градинките и се одложува учебната година на Косово

Се затвopaат градинките и се одложува учебната година на Косово

Поради неповолната епидемиолошка состојба на Косово, учебната година се одложува за уште две недели, до 26 септември, градинките и занималните ќе бидат затворени, изјави министерот за здравство Арбен Витиа, цитиран од агенциите.

Меѓу новите мерки е и забраната за физичко присуство на универзитетите, и тоа се однесува и на државните и на приватните универзитети, рече министерот.

„Во семејства каде што двајцата родители на деца кои посетуваат градинка, едниот родител е ослободен од обврската физички да оди на работа помеѓу 13 и 26 септември“, рече Витија.

Тој додаде дека полицискиот час останува во сила од 22 часот до 5 часот наутро.
Бројот на нови инфекции со коронавирус се намалува, но епидемиолошката состојба останува нестабилна, рече министерот.