дома Свет Се за љубов: Се обидела во куфер да го изнесе од затвор

Се за љубов: Се обидела во куфер да го изнесе од затвор

Полицијата во Венецуела уапсила девојка која се обидела да го скрие своето момче во куфер и така да го извлече од затвор.

Антонета Роблес Сауда (25) дојде до идеја како да му помогне на нејзиниот дечко Ибраин Хосеу Варгас Гарсија да избега од затвор.

Антонетае кај себе имала розов куфер, веројатно со храна за затворениците.

Меѓутоа, кога таа се упатила кон вратата, чуварите забележале дека се мачи куферот. Потоа тие го отвориле куферот и имале што да видат. Ибраин бил во него целиот стуткан.

Тој служи казна од 9 години и 8 месеци поради кражба на автомобил. Вратен е во ќелија, а сега ќе следи затворска казна за помагање на бегство и за неговата поубава половина.

Инаку, Антонета и Ибраин се родители на девојче кое по апсењето на мајката ќе биде згрижено од страна на социјална служба.