дома Временска Прогноза СЕ ЗБОГУВАМЕ СО ЛЕТОТО:Подгответе се за пад на температурите

СЕ ЗБОГУВАМЕ СО ЛЕТОТО:Подгответе се за пад на температурите

За околу четири до седум степени ќе се намалат температурите до средината на иднава недела, соопшти УХМР.

Посвежо ќе биде до викендот, кога се очекува да опаднат и утринските и дневните температури.

Денес ќе биде посвежо со услови за локален пороен дожд и појава на ретки грмежи. Во наредните денови, особено во среда и петок, ќе биде променливо со повремен локален дожд претежно на планините.