дома Македонија СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ЗAPAЗЕНИ MEДИЦИНСКИ ЛИЦА: Шест новозaбoлeни meдицински лица од...

СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ЗAPAЗЕНИ MEДИЦИНСКИ ЛИЦА: Шест новозaбoлeни meдицински лица од Куманово

Шестмина нови заболени од корона вирус се вработени во кумановската болница. Нивните позитивни резултати пристигнале денеска, а се работи за медицински сестри и акушерки, потврди за Телма директорката на болницата.


Таа вели дека во понеделникот биле земени брисеви од 71 вработен, а се уште ги чекаат поголемиот број од тестовите. Со новозаболените вкупната бројка на заболени од болоницата се искачи на 24 лица.

Инаку, за дел од овие не се знае од каде се заразиле. Според информациите на Телма, дел имале заболени во семејствата, но и покрај тоа доаѓале на работа и не кажувале, додека пак дел дури и со симтоми на корона се појавувале на работно место.

Според директорката Захариева, во болницата се вработени вкупно 685 мина и не може да се контролира секој пооделно, па за тоа е оставено на совеста на луѓето. Утрово бил одржан состанок со колегиумот и итно е испратено барање до Министерствтово за здравство и до Комисијата за заразни болести, во болницата да не се примаат трудници поради опасноста за нивното здравје. Сите вработени одржале и обука за користење на заштитната опрема и покрај тоа што иста таква имале и пред почетокот на кризата, вели Захариева за Телма.v