дома Спорт СЕ ИЗДАДОА ПО ГРЕШКА?: УЕФА по грешка го прогласи Ливерпул за шампион...

СЕ ИЗДАДОА ПО ГРЕШКА?: УЕФА по грешка го прогласи Ливерпул за шампион во Лига на шампиони – грешка или местенка?

По грешка или технички проблеми УЕФА случајно го објави победникот на Лигата на шампионите, оваа сезона, односно предвреме за победник го прогласи англискиот тим Ливерпул на нивната веб-страница.

Победникот беше најавен три недели пред Реал Мадрид и Ливерпул да се соочат во финалето на 26 мај во Киев, Украина.

На веб-страницата беше објавено победник во “Сезоната 2017/18” и официјалното лого на Ливерпул. “Победник” беше напишано веднаш под името на Ливерпул.

Иако грешката беше брзо утврдена, корисниците на Твитер направија скриншот од фотографијата на веб-страницата и ја објавија на интернет.

Претходно, уште еден гаф се случи кога Рома ги рекламираше влезниците за натпреварот со Ливерпул, и покрај тоа што имињата на два клуба сеуште не беа извлечени во ждрепката.

Ливерпул стигна до финалето со резултат од 7-6 во полуфиналето против Рома.