дома Македонија СЕ ИСПЛАШИЛ ПАК ДА НЕ ГО ПРОМАШИ СПОМЕНИКОТ: Градоначалникот на Прилеп не...

СЕ ИСПЛАШИЛ ПАК ДА НЕ ГО ПРОМАШИ СПОМЕНИКОТ: Градоначалникот на Прилеп не положил свеќе пред бистата на Гоце Делчев?!

147-годишнината од раѓањето на великанот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев, завчера се одбележа и во Прилеп, пренесува Маркукуле.

По тој повод делегации положија цвеќе пред бистата навизионерот на македонската револуционерна борба во училиштето кое го носи неговото име.

Во делегацијата на општина Прилеп, поради непознати причини го немаше градоначалникот Илија Јованоски, а цвеќе положија советници во Советот од СДСМ.

Да се потсетиме дека градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски по повод патрониот празник на ООУ „Климент Охридски“, заедно со делегација од Општина Прилеп и од училиштето денеска положи цвеќиња пред споменикот на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто и Могилата на непобедените.