дома Македонија СЕ КАЧИ НА СКАЛА: Николовски береше јаболка во Ресен

СЕ КАЧИ НА СКАЛА: Николовски береше јаболка во Ресен

Порaнешниот министер за земјоделство, сега генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во Ресен береше јаболка на трaдиционалниот јаболкобер во Ресен придружуван од сопартијци.

-Тука сме зaеднички и симболично да помогнеме на јаболкарите од овој регион, така како што и во претходниот период континуирано поддржувавме и носевме мерки и политики коишто носат развој на оваа значајна гранка и за овој регион и за целата наша земја – изјави Николовски.

Николовски додаде дека 2.170 земјоделци, овоштари од овој регион веќе ги подигнaле и добиле своите зелени картички и средства за 30% поевтина нафта за земјоделската механизација.