дома Локално Се менува името на булевар ВМРО во Блаже Конески, Плоштадот Филип Втори...

Се менува името на булевар ВМРО во Блаже Конески, Плоштадот Филип Втори се преименува во Карпошово вocтание

Врз основа на од Законот за локалната самоуправа и Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти Советот на Град Скопје донесе одлука за определување и промена на имиња на улици, мостови и плoштади на подрачјето на град Скопје. Променети се вупно 493 имиња на улици, плоштади, мостови.

Некои од улиците си ги вратија старите имиња, а некои добија нови имиња на македоснки национални херои. Се промени името на булевар ВМРО во Блаже Конески, Плоштадот Филип Втори се преименува во Карпошово вocтание

Една улица го доби и името Јанс Столтенберг, норвешки политичар и генерален секретар на НАТО.

Дел од улиците именувани по истакнати албански и косовски политичари, премиери, генерали, книжевници, од подалечната, но и од поблиската историја, односно конфликтот во 2001 година кој започна кога албанската паравоена формација Ослободителна Народна Армија ги нападна безбедносните сили на Македонија