дома Занимливости СЕ НАДЕВА ДЕКА ЌЕ И ДОНЕСЕ СРЕЌА: Тамара понесе амajлија со себе...

СЕ НАДЕВА ДЕКА ЌЕ И ДОНЕСЕ СРЕЌА: Тамара понесе амajлија со себе на „Евросонг“ во Тел Авив!

Својата амajлија за која верува дека ќе ѝ донесе среќа на настапот на „Евросонг“, Тамара Тодевска ја понесе во Тел Авив. Станува збор за слика од расцутено дрво, која ја наслика кумата на Тамара, Анета.

„Куми, ми држиш среќа и тука“, објави Тамара под фотографијата од амajлијата. Пејачката која со својот тим вчера стаса во Тел Авив, утрово кондиционо се подготви за она што денеска ја очекува, првата проба закажана за попладнево.

„Спиев 9 часа и подготвена сум за на сцена“, вели Тамара која објави фотогграфии како трча покрај море и од нејзиниот поглед од хотелската соба. На забавата која ја организираше за медиуите завчера во Скопје, пејачката рече дека ниkoгаш нe се чувствувала посигурна во себе и во својот тим.

„Ќе облечам зелен, смарагден фустган од Александар Ношпал“, откри таа за Женски магазин. Тамара на „Евросонг“ настапува со „Proud“, на второто полуфинале, на 16 мај.